Контроверзниот Марко Матераци ја продолжи „студената“ војна со Златан Ибрахимовиќ на социјалните мрежи. Поранешниот италијански репрезентативец го искористи „фудбалскиот“ предизвик-жонглирање со тоалетна хартија да го испровоцира популарниот „Ибракадабра“. Матераци направи неколку пати и „поентираше“ во трофејот од Лигата на Шампиони, алудирајќи на неуспехот на Швеѓанецот да ја освои титулата во кариерата.

Матераци и Ибрахимовиќ без разлика на меѓусебните провокации се добри пријатели. Заедно настапуваа во Интер и соблекувалната ја делеја цели три сезони.

OhridNews