„Ноќ на музеи“ – една улица, една ноќ, безброј приказни
09.09.26 11:25
На 12-ти септември, од 19:00 до 23:00 часот, улицата „Цар Самоил“ и стариот Охрид стануваат една голема отворена сцена на културата. Организаторите најавуваат културна маршрута низ музеи, галерии, ателјеа, стари занаети, изложби, вино, поезија и музика – содржини на 12 локации.
Во рамки на програмата опфатени се презентација на филигранскиот занает, техниката и процесот на изработка, посета на музејот и запознавање со животот и делото на А. ден Долаард, дегустација на вино, изложба „Охрид – свето таинство“ од Зоран Летра, „Охрид низ фотографии“ – визуелно патување низ Охрид и неговите приказни, „Уште една средба со светлината“ од Јордан Манасијески во организација на Галерија „Букефал“, презентација на ликот и делото на Христо Узунов, поставка и „Писмата на Христо Узунов“ со Михаил Патчев, демонстрација на процесот, машините и техниките на изработка на стара хартија, охридската резбарска традиција – материјали, процес на работа и изложба на рачно изработени дела, презентација на винскиот подрум и дегустација на вино од Винарија „Охрид“, инструментална староградска музика со ВИС „Билјана“, традицијата, историјата и процесот на изработка на охридскиот бисер, изложба на дела од Охридската ликовна колонија 2026, како и оперско-инструментален перформанс со Исабела Димовска – мецосопран и Искра Атанасова-Митуш – пијано.
Една вечер во која музеите, старите куќи, ателјеата, занаетите и уметноста излегуваат на улица, а градот станува музеј, потенцираат.
Настаните ќе се одржат во периодот од 19:00 до 23:00 часот на улицата „Цар Самоил“ и охридскиот Стар град.
Приведен е 44-годишен охриѓанец по сообраќајна незгода на улицата „15 Корпус“ Медицинските извори предупредуваат дека при ваква концентрација се сериозно нарушени расудувањето, координацијата и буд...
Рано утрово во 05:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 31-годишен охриѓанец, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка По ...
Денеска, 15 ноември, се одбележува Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи посветен на загинатите и повредените на патиштата, како и на нивните семејства, чии животи трајно се м...