Во ноемвти температурите ќе бидат пониски од просекот, додека декември ќе биде потопол, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Што се однесува до краткорочната прогноза, утре попладне ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне ќе има слаби локални врнежи од дожд. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во југоисточните делови со услови за локален дожд.

Минималната температура ќе се движи од 2 -10, а дневната од 12 до 20 степени Целзиусови.

 

Од понеделник под влијание на серија влажни бранови ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и ќе дува засилен јужен ветер, информира УХМР Македонија.

OhridNews