Ногачески ниту прифатил, ниту ќе прифати локацијата на Регионалната депонија да биде во општина Дебрца, стои во реакцијата на градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески во врска со испратениот допис од ОК на ВМРО ДПМНЕ Дебрца.

– Да потсетиме дека целокупната постапка за подготовка на потребната документација за изградбата на регионалната депонија започна во времето кога токму екс градоначалникот Игор Трајкоски беше претседател на Советот на Југозападниот плански регион, а тој плашејќи се од неговата Партија, која во тоа време беше на власт,  си молчеше и аминуваше. За разлика од него, јас, како градоначалник на општината Дебрца,  во сите свои настапи, па и на последната средба со Премиерот Заев и Министерот за животна средина јасно и гласно ја повторив волјата на граѓаните на Дебрца против изградба на регионална депонија, вели Ногачески.

Додава дека секогаш ќе биде прв, со граѓаните,  во одбраната на нивните интереси, и не само во односна локацијата за регионалната депонија, туку секогаш и за се.

OhridNews