Голем дел од планираните проекти успешно ги реализиравме, а дел од проектите останаа незавршени поради се уште присутната Ковид криза и фактот што во последниот квартал од годината беше изборната кампања и локалните избори, информира градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески во однос на планираните проекти за 2021 посочувајќи ги притоа сите проекти кои биле реализирани.

Во реализираните проекти за 2021 година се вбројуваат санација на балон салата во село Требеништа и изработка на акрилна подлога на тениското игралиште, санација на внатрешниот дел од старата училишна зграда во село Песочани, монтажа на нов котел за парно греење во ПОУ с.Лешани, изведба на индивидуални приклучоци на канализационата мрежа во село Волино, санација на дел од старата училишна зграда во село Слатино и отворање на Спомен соба за Игор Костески, вели Ногачески.

Додава дека биле набавени комплет спортска опрема и фудбалски топки за ФК Слатино, набавена приклучна механизација – мулчер, кој се приклучува на ровокопач и првенствено ќе се користи за чистење на вегетацијата околу општинските и пристапните патишта, набавено специјално возило за комунален отпад.

Извршена била реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во с. Брежани во планинарски дом, уредено дел од централното подрачје во село Оздолени, реконструкција на кровот на селскиот дом во село Лактиње, како и на кровот на објект на месна заедница село Ново Село.

Извршена беше санација на спомен обележјето во центарот на селото Лактиње, изградба на доводниот цевковод во должина од 730 метри, набавка и монтажа на пумпна станица, електрична енергија и ставање во функција на новиот извор-бушотина за водоснабдување во село Требеништа. Уредена улицата во село Белчишта со изградба на тротоар со ширина од 1, 5 метри, како и влезната улица во село Белчишта, на потегот од мостот на Голема Река до центарот на селото.

Додава дека доизградена е фекалната канализација за село Волино, извршена санација на спомен чешмата во Сливовски Анови, тампонирање на пат до црква Св.Петка, тампонирање на пат во месноста Рибница, завршени се најголемиот дел од индивидуални водоводни приклучоци за домаќинствата во Слатински Чифлик. Партерно е уредено платото пред црквата „Св.Никола” во село Брежани и платото пред црква Св.Јован Крстител, село Белчишта. Извршено е уредување на каналот за наводнување во село Годивје, осветлување на центарот со лед рефлектори и проширување на јавното осветлување во село Злести, уредување и чистење на диви депонии, изградба на одводни канали и пропусти на улици во село Арбиново и село Велмеј, а ставено е во функција осветлувањето на новоизграденото спортско игралиште во село Лешани.

Преземени беа активности за континуирано чистење на крајпатната вегетација и снег на општинските патишта и улици, чистење на централното речно корито во село Требеништа. Обезбедена е електрична енергија до местноста „Св.Варвара”. Извршено е пробивање и чистење на речното корито на т.н. „Средна Река” и чистење на речното корито во центарот на селото. Започнавме со реконструкција на фудбалското игралиште во с.Мешеишта, извршивме осветлување на црква Св.Илија, село Лактиње, а се реализира и проектот “Дебрца-неизгаснати огништа”, додава Ногачески.

OhridNews