Чуварот на мрежата на Баерн Минхен и германската репрезентација, Мануел Нојер ќе го пропушти мечот со Шалке во Бундес лигата, откако го повреди стапалото.

Како што пренесуваат медиумите од Германија клубот од Алијанц арената стравува дека се работи за посериозна повреда која ќе го оддалечи голманот од два до три месеци од терените.

Вечерва на голот Нојер ќе го замени Свен Урлих кој од доаѓањето од Штутгарт 2015 година има запишано само седум настапи за германскиот шампион.

По четири одиграни мечеви во Бундес лигата фудбалерите на Баерн Минхен заостануваат еден бод од водечките на табелата Хановер и Борусија Дортмунд.

OhridNews