Фестивалот Охридско лето вечерва ќе биде во знак на извонредните оперски изведувачи Инва Мула, сопран од Албанија и баритонот Борис Трајанов со Александар Стеваноски, бас, кои ќе имаат заеднички настап на Античкиот тетар во 22 ч.
Инва Мула на пошироката јавност и е позната и по улогата на Дива во научно-фантастичниот филм на Лук Бесон „Петтиот елемент“.
Претходно, од 20ч во катедралната црква Св. Софија ќе настапи хрватскиот виолинист Ино Мирковиќ во пијано придружба на македонската уметница Марија Вршкова.











