Поезијата на охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски, собра голем број вљубеници на пишаниот збор на промоцијата неговата најнова збирка поезија „Поле бојно поле“, што се одржа синоќа во спомен куќата на Ѓуро Јакшиќ на Скадарлија.


За творечкиот опус на Димоски говореше истакнатиот преведувач и поет Душко Новаковиќ, кој истакна дека збирката „Поле бојно поле“ е исклучително  дело кое плени со својата содржина.


„Поле бојно поле“ е мал бревијар на модерни поетски постапки, среќно изнајдени свежи поетски теми и мудрости, од низ возбудливи поетични разрешенија, збирка на поголем број антологиски песни, дело за пребирливи читатели и драгоцена книга, вистинска кристална топка од сеќавања и зборови“, истакна Новаковиќ.


На промоцијата се читаа песни од Димоски, а на инсистирање на бројните гости присутни на свеченоста авторот се претстави со избрани песни на македонски јазик.

OhridNews