Со поместување на часовниците за еден час нанапред, вечерва во 2 часот после полноќ, започнува летното сметање на времето. Така времето во 02:00 часот ќе се смета како 03:00 часот.
Летното сметање на времето или летното време е конвенција за поместување на часовниците така што попладнето да има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата да бидат пократки. Овој систем е предложен во 1905. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 година како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем.
Во Македонија, како дел од СФРЈ, летното сметање на времето се користи од 1983 г., а од 1996. е регулирано со Закон за сметање на времето.
Летното сметање на времето ќе трае до 31 октомври.
OhridNews