Ноќната трка и забавата потоа со исклучиво охридски артисти на сцената збогатена со огномет и дадоа дополнителен шмек на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“. На ноќната трка и забавата учествуваат луѓе од сите сфери и возрасти, а светлечките детаљи после гасење на светлата на Кејот приредија глетка за уживање.
Активностите на „Охрид трчаТ“ продолжуваат утре (среда) со Училишна трка која ќе започне во 11 часот на Кеј „Македонија“ пред хотел „Милениум“. Училишната и детската трка која ќе се одржи на 2 јуни се поддржани и финансирани од ЕУ, а се организираат во партнерство со Сојузот на училишен спорт.
OhridNews