Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при општина Охрид  започна   со  ноќни дежурства на вработените со цел ажурирање  на дефектите во електричната мрежа при јавното осветлување.

Оваа новина во работењето на Секторот за комунални дејности е по налог на градоначалникот Бакрачески, а е дел од акцискиот план за намалување на расходите и зголемување на ефективноста и ефикасноста на општинските служби во однос на јавното осветлување.

Од Секторот уште еднаш со апел граѓаните телефонски или лично да ги пријавуваат дефектите во уличното осветлување и дотраените светилки за надлежните служби навремено и во најкраток можен рок да интервенираат.

OhridNews