Репрезентацијата на Норвешка е нов европски првак откако во финалето на ракометното првенство скандинавките го соввладаа актуелниот светски шампион Русија со 27:24. Бронзата патува во Франција која во малото финале ја совлада Германија.


Норвешка шампион на Европа

Нашата репрезентација со скор од 5 порази и една победа го освои 12 место, но затоа имаше повеќе среќа во ждребката за баражот кој води на Светското првенство што ќе се одржи до година ова време. Македонија за пласман на мундијалот во Франција ќе игра против Белорусија. Нашиот состав ќе биде домаќин на првиот натпевар што треба да се одигра на почетокот од месец јуни следната година, а реваншот ќе биде одигран во Белорусија, седум дена подоцна.


имаа малку причини за радост-македонските навивачи во Шведска

Инаку следното Европско првенство ќе се одржи во 2008 година, а домаќин ќе биде Македонија. Предвидено е дел од натпреварите да се играат и во салата “Билјанини извори“ во Охрид.