Во рамките на проектот Заедно за европска Македонија, денеска градоначалникот Александар Петрески и претставник на Амбасадата на Кралството Норвешка, потпишаа Протокол за заедничка реконструкција на покривот на Основното училиште „ Ванчо Николески“ во Косел.


Вредноста на инвестицијата е 1.230.000,оо денари од кои 70 отсто обезбедува Кралството Норвешка, а 30 отсто Општина Охрид. Во рамките на започнатата соработка договорено е во текот на летото да биде смената и дограмата во ОУ „ Свети Климент Охридски“ .

Градоначалникот Александар Петрески се заблагодари на донацијата и најави дека соработката  со Кралството Норвешка ќе продолжи и во иднина.

OhridNews