Норвешките власти соопштија дека вчера пронашле експлозивен уред кај метро станица во Осло, пришто го неутрализирале уредот и приведено е едно лице, пренесуваат светските агенции. Шефот на полицијата Вирдар Педерсен потврдил дека уредот, пронајден вчеравечер, на прв поглед наликува на експлозивна бомба. Полицијата не навела подетални информации за осомниченото лице и експлозивниот уред.

Педерсон  додал дека уредот е пронајден на улицата пред влезот во метрото, по што биле евакуирани луѓе од околните барови и ресторани.

Норвешката јавност  е вознемирана исто така поради  нападите кои во петокот се случија во соседна Шведска, кога напаѓач со товарно возило влета меѓу пешаци и усмрти четири, а повреди повеќе од 15 лица.

OhridNews
извор Макфакс