Охриѓанецот Наум Јанкулоски од “ЖФК Билјанини Извори“ беше дел од македонската експедиција која неодамна беше во Берген – Норвешка каде присуствуваа на УЕФА семинарот  Study group Sheme за  женски фудбал заедно со делегациите на Србија, Унгарија и домаќинот Норвешка.  На семинарот се разговараше за норвешкиот систем на работа  во женскиот фудбал .


– Впечатоците се убави. Ново фудбалско искуство. Запознавање на нови фудбалски филозофии, запознавање со друг начин на функционирање во фудбалот, како и разменување на идеи и размислувања со други спортски работници, чија задача е популаризација на женскиот фудбал – вели Јанкулоски.

Од норвешката федерација  на семинарот  предавања одржаа претставници на НФА, регионалниот менаџер на НФА, Кнут Берге, потоа селекторот на женската репрезентација до 20г Јарк Торске, тренерите на ФК Сандвикен и Арна Бјорнар (членови на ТОП дивизијата во норвешката женска лига) , раководителот на  департментот за развој на женски фудбал-Хејди Сторе.


– Според виденото таму, постои голема разлика меѓу македонскиот и норвешкиот женски фудбал. Нивниот начин на размислување се базира на тоа што женскиот фудбал е на исто ниво со машкиот фудбал. Кога се прави стратегија, се подразбира дека идентично таа ќе се применува за машкиот и женскиот фудбал, што воопшто не е случај во македонскиот фудбал. Менталитетот кај самите родители е поинаков, тие на некој начин се задолжени да ги обучат своите деца со основните фудбалски работи уште од мала возраст, додека кај нас се уште постои оној стереотип дека фудбалот е Машка игра – смета Јанкуловски.

Спортската инфраструкутра е најголемиот проблем и наша најголема кочница за да се приближиме до спортската елита, меѓу другото вели охриѓанецот.


– Инфрастурктурата во македонскиот фудбал е во очајна состојба. Условите кои беа понудени таму, ни оддалеку не можат да се споредат со нашите. Доколку сакаме да понудиме некој квалитет, потребно е да се изградат еден поголем број на тренинг спортски комплекси, кога мислам спортски комплекси мислам на фудбалски терени со вештачка и природна трева, затворени сали. Колку побрзо почнеме да го реализираме ова толку побрзо ќе се доближиме до европскиот фудбал – потенцираше тренерот во “ЖФК Билјанини Извори“.


Охрид секако со природните убавини и климатските услови дека има предиспозиции како  град да биде организатор на еден ваков настан, но..

– Временските услови, Хотелските капацитети, аеродромот, се идеална можност Охрид да стане домаќин на голем број спортски екипи, како од фудбалот така и од другите спортови. Но дека инфраструктурата треба темелно да се промени. Да се изградат повеќе спортски комплекси, како СРЦ Атина Бојаџи, и Охрид да биде препознатлив град по спортскиот туризам – завршува Јанкуловски.

М.П.