Бифето во Собранието на Република Македонија е затворено на 15 дена откако Пазарната инспекција при вчерашната контрола констатирала дека не се почитува Законот за заштита од пушењето.

Исто така биле затекнати пратеници како пушат цигари, а пепелници и отпушоци биле пронајдени во канцелариите на народните пратеници.

Пратениците ја оправдуваат акцијата на инспекторатот, а дел од нив сметаат дека Собранието треба да изврши ревизија на законот кој не се почитува откако е донесен.

OhridNews