Вчера околу 02,30 часот во Струга на ул.„Арсение Јовков“, од страна на  полициски службеници било запрено ПМВ„Фолксваген Голф“ каде како сопатник бил Е.В.(20) од с.Велешта – струшко. При извршениот личен преглед кај Е.В.  во појасот е  пронајдено огнено оружје – пиштол марка „М-57“  калибар 7,62мм и рамка со девет  куршуми, што го поседувал без дозвола.

Со потврда за привремено одземени предмети пиштолот е одземен за  понатамошна постапка, а против Е.В. ќе биде поднесена соодветна  кривична пријава.  

Ohridnews
  извор: МВР