Министерството за здравство информира дека согласно Акциониот план, здравствените институции во државата се кадровски екипирани и опремени со потребната терапија за да се справат со евентуалниот зголемен број  пациенти поради високите температури.

Од министерството соопштија и дека остануваат на сила препораките за намалување на ризиците врз здравјето од  дејството на топлотниот бран.

Како општи препораки до населението за заштита од екстремно високите температури, се препорачува:

 – во текот на ваквите екстремно топли денови, граѓаните да останат повеќе во затворени простории (пред сé, климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка;

– Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носење заштитни очила за сончева светлина и капа, при што се препорачува покривките за главата ада бидат во светли бои бидејќи тие ја рефлектираат светлината, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор;

–  Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а да се избегнува масната храна;

–  Да се внесуваат големи количества течности, при што се препорачува најмногу обичната вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци;

–  При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри;.

– На хроничните болни лица им се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Ohridnews