Oтсекот за превенција при СВР Охрид реализира превентивно-едукативна активност „Носи кацига“, наменета за лицата кои управуваат велосипеди, моторцикли и електрични тротинети.

Тие беа информирани за законската обврска, но и за придобивките од користењето на заштитна опрема (кацига) при управувањето со нив. Во директни контакти со овие учесници во сообраќајот, покрај кратките совети им беа поделени летоци со практични совети за неопходноста од носење заштитна кацига, користење на означените вело патеки доколку ги има на коловозите, почитување на пропишаната брзина на патиштата, грижа за одржување на техничката исправноста на мотоциклот, мопедот, велосипедот или тротинетот, односно почитување на сообраќајните правила и прописи како основен предуслов за зголемена сообраќајна безбедност, додаваат од МВР.
OhridNews











