Дел од улицата ,,Јане Сандански” во Охрид наскоро ќе добие нов асфалт. Градежните активности околу реконструкцијата на оваа значајна собраќајница се предвидени во годишната програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Охрид.
Од општинскиот сектор за сообраќај и улици велат дека сеуште не се знае прецизниот рок кога оваа улица ќе се преасфалтира и дали тоа ќе биде пред или по турустичката сезона.
– Планираме да го реконструираме делот од ,,Јане Сандански” од Минимаркет до пресекот со улица ,,Ванчо Николески” и од Минимаркет наспрема езерото по цела должина. Улицата на овој потег е во лоша состојба, така што ќе се изврши целосно преасфалтирање, вели Зоран Шикалески, од Секторот за сообраќај и улици при Општина Охрид.
Тој најави дека во текот на оваа година планирано е асфалтирање и на улицата ,,Прва македонска ударна бригада”, од ,,Стобекс” кон Чинарот во ,,Влашка мала”.
–Таму веќе заврши со реализација на проектот за поствување на канализација и сега ќе следува асфалтирање. Потоа планирано е асфалтирање на левиот крак од улицата ,,Васил Стефкоски” покрај игралиштето кај Грашница и на улицата ,,Аџи Мустафа” покрај самата река Грашница. Потоа ќе реконструираме неколку помали улици во населбата ,,Воска” кои , а исто така ќе треба да се заврши и преостанатиот дел во населбата ,,Радојца Новичиќ”, појаснува Шикалески.
Тој нагласи дека во текот на 2012 ќе ги санираат улиците во селото Велгошти, а ќе следи санација на улици и во населбата ,,Рача” и во селото ,,Подмоље”.
Освен покрупните градежни работи на градските улици, до крајот на овој месец ќе треба да заврши санацијата на ударните дупки и оштетувања на останатите сообраќајници низ Охрид.
На 12092025 во 12:50 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 45-годишно лице од Охрид Тој претходно во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка По целосно документ...
Kонцерт на класична музика во понеделник, 15 септември, ќе одржат хармоникашите Христијана Матеска и Филип Трајковски во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почето...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 09:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците од населбата Црногорци, информираат од ЈП Водовод Охрид Посочуваат дека екипи на претприј...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.