Нов детски парк добија најмладите во Вевчани реализиран како инвестиција на Владата на Република Северна Македонија од два ипол милиони денари, средства обезбедени преку првиот повик од Унгарскиот кредит.
Детскиот парк, вели Кочовски, е на барање на најмладите жители на Вевчани и истиот се протега на површина од 200 метри квадратни, направено според сите стандарди, со гумена подлога, нишалки, лизгалки и други детски реквизити.
Посебно задоволство ни причинува тоа што изреализиравме едно огромно барање на најмладите жители. Детскиот парк, ќе биде ново катче во кое најмладите вевчанци ќе го минуваат слободното време, посочува Кочовски.
Со средства од првиот повик од Унгарскиот кредит, вели Кочовски, во Вевчани се реализирани три проекти во висина од 320.000 евра. Покрај изградбата на детскиот парк реконструирани се улица и крак од канализациската мрежа. Во рамките на вториот повик, Општината аплицирала со пет проекти за реконструкција на локални улици.
Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира самовработените лица кои данокот на личен доход го плаќаат врз основа на паушално утврден нето-доход дека во изминатиот период спроведе активности на ге...
На 22092026 во 2340 часот во СВР Охрид било пријавено дека во хотел на кеј „Македонија“ во Охрид, била пронајдена почината 70-годишна жена од Германија Лекар од итна медицинска помош констатирал см...
Културниот центар „Волски” со седиште во Варшава и НУЦК „Григор Прличев”- Охрид го организираат меѓународниот проект Пар-Непар, финансиран од Министерството за култура од Полска и нацио...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.