
Во својата програма Заров изнел план за работа на библиотелата, со акцент на збогатување на книжниот фонд, интензивирање на соработката со сродни институции во земјата и светот, целосна дигитализација на културното наследство и друго.
Иван Заров е роден во Охрид 1972 година. Средно образование завршил во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во 1991 година, дипломирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1996 година и се стекнал со звање историчар на уметност, во 2002 година станува магистер, а во 2009 година се стекнува со звање доктор по историски науки со специјалност средновековие. Зад себе има голем број научни трудови и проекти.
Заров на раководната функција во НУБ „Св. Климент Охридски“, ќе го замени Миле Бошески кој заминува во пензија.
OhridNews












