Македонскиот репрезентативец, Филип Кузманоски и клубот од Автокоманда, Металург ја продолжија соработката за две години, односно до јуни 2019 година.
Еден од големите таленти во македонскиот ракомет, Кузманоски во Металурт се пресели од Пелистер минатата сезона и со настапите во регионалната СЕХА лига и во Лигата на Шампиони си обезбеди место во репрезентација.
Во знак на благодарност Металург му ја додели капитенската лента на Кузманоски која претходно ја имаше Филип Талески кој се пресели во Рајн Некар.
– Срекен сум во Металург и тоа беше пресудно за да се решам да останам овде и да го продолжам договорот. Сега сум и капитен на екипата и имам уште поголема одговорност. Имав неколку опции и понуди по завршувањето на договорот, да заминам во друг клуб, но мислам дека ја одбрав најдобрата и за мене најправилната одлука за напредок во кариерата. Металург, под раководство на Лино Червар, е најдобрата средина за еден млад ракометар и сметам дека мојот квалитет најдобро ќе дојде до израз токму овде, во Металург. – рече Кузманоски.
Задоволство од постигнатиот договор со Кузманоски искажа и новиот претседател на клубот, Зоран Цветаноски. Од Металург најавија продолжување на договорите и на останатите надежни ракометари.
OhridNews