Еден од аспирантите за висок пласман на табелата во Втората македонска фудбалска лига-запад, Лабуништа доведе екстра засилување на голманската позиција ангажирајќи го Илче Петровски.

„Црно белите“ во името на Петровски ќе добијат квалитет и искуство на голот. Битолчанецот е вкупно четврто засилување за Лабуништа. Претходно во клубот пристигнаа Александар Далчески, Сумер Хасан и Донарт Бајрами, како и повратникот Бојан Спиркоски кој ја залечи повредата.

Лабуништа в четврток на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид ќе го одигра првиот контролен натпревар со Ренова. Мечот започнува во 14 часот.

Тимот на Лабуништа во првиот дел од Втората МФЛ финишираше на четвртата позиција со три бодови помалку од лидерот на табелата и есенскиот шампион Пелистер.

OhridNews