Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој вчера го објави шестиот  јавен повик за користење на финансиски средства од Петтата компонента на ИПАРД –Програмата за рурален равој.

Огласот ќе трае 45 дена, односно до 15 мај, а потребната документација за поднесување на барањата, вклучително и упатствата за корисниците на средства, може да се превземат од веб-страната www.ipardpa.gov.mk  или во просториите на Агенцијата и во нејзините регионални центри, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Финансиските средства од ИПАРД програмата 2007-2013 се наменети  за инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на стандардите на ЕУ, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи и  развој на руралните економски активности.

OhridNews