Охрид од денеска е побогат со уште еден млечен ресторан на најголемиот производител на леб и печива АД „Жито Леб“.

Во непосредна близина на градскиот пазар, на самата крстосница, охриѓани и гостите на ривиерата ќе имаат можност да пробаат од вкусните пецива, апетисани , охридски варен ѓеврек , слатки и прехранбени производи од најголемиот пекарски бренд во земјава.

Инаку, претпријатието АД „Жито леб“ Охрид повеќе од 60 години претставува бренд во пекарската индустрија на македонскиот пазар.

OhridNews