Ново модернизирано плаќање на паркинг услугите најави директорот на ЈП „Билјанини Извори” Теодор Андоноски во емисијата „Напладне.“

Во фаза на подготовка сме за воведување на паркомати, нешто слично како во моловите во трговските центри во Скопје. Граѓаните наместо да одат да плаќаат физички кај наш вработен, ќе одат дирекно на паркоматот. Од април, мај се надевам би профункционирал овој начин на наплата, вели Андоноски.

Директорот се осврна и на трошоците околу сметките за струја. Вели 10 пати повисоки сметки за струја стигнуваат во претпријатието.

За јули и август сметките за електрична енергија беа највисоки. Платени се трошоците. Доколу не беше јавниот паркинг Спортскиот центар не би постоел и не би можел да се самоодржува, вели Андоноски.

Но, менаџментот најавува штедење.

OhridNews