Ансамблот за народни песни и ора „Македонка“ од Охрид продолжува со своите активности за зачувување и унапредување на македонскиот фолклор и традиција.

Неодамна, ансамблот формира сопствена продукција и започна со снимање нови песни во духот на традиционалната македонска музика. Првата песна на ансамблот изработена со видео запис е песната „Илија“  за која музиката и текстот ги напиша Марина Балева Секулоска, која е организациски менаџер во ансамблот.

Во музичкиот спот, кој е снимен според идејата на претседателот на ансамблот, Илија Лотески, учествуваат членовите на ансамблот. 

Од ансамблот Македонија наскоро најавуваат нови проекти, песни, преработки на народни песни со видео записи, како и снимање на филм базиран на вистинит настан, чие дејство се одвива во периодот пред Балканските војни во Охрид.

OhridNews