Утрово државјанин на Авганистан нападнал член на обезбедувањето на парламентот во Австрија. Напаѓачот се обидел да го извлече од автомобилот членот на обезбедувањето, но тој се одбранил употребувајќи спреј. Инцидентот се случи еден ден откако државјанин на Австрија со египетско потекло со нож го нападна војникот што ја обезбедуваше резиденцијата на амбасадорот на Иран во Виена.

И минатиот месец се случи напад во Виена кога 23-годишниот Авганистанец Џафар С. (23) со нож нападна и повреди четири лица во центарот на Виена. Тој во затвор се обиде да се самоубие, но беше спречен од затворските чувари.

OhridNews
Макфакс