Новинарска екипа на Телевизија „24“ била нападната за време на протестот на „За заедничка Македонија“, што се одржа синоќа во Скопје.  

Од телевизијата додаваат дека организаторот на протестот се оградил од инцидентот, оценувајќи го како случаен и ненамерен, пренесува „Макфакс“.

Новинарот Христијан Баневски бил удрен со стап од знаме по тилот од главата.

Претходно исто на протест на „За заедничка Македонија“, беа брутално нападнати снимател и новинар на порталот А1он, кои завршија во болница.

Здружението на новинари на Македонија(ЗНМ) повика на бојкот на ваквите протести на кои не се гарантира безбедноста на новинарските екипи, а за денеска најави и прес конференција на која новинарски здруженија од регионот ќе ги осудат зачестените напади врз новинарите.

Реагираше и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги(АВМУ) најостро го осудува вчерашниот напад врз новинарската екипа на телевизија 24 Вести.

„Нападот врз медиумските професионалци е директен напад врз демократијата и слободата на говорот во едно општество. Апелираме да се остават новинарите непречено и достоинствено да ја вршат нивната општествено одговорна професија“, се вели во осудата од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

OhridNewws
извор: „Макфакс“