Победата над Латвија и ремито со Словенија на почетокот од квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година на македонска фудбалска репрезентација и донесоа скок од три места на најновата ранг листа од ФИФА.

„Црвено жолтите“ се наоѓаат на 68-та позиција, што е најдобар пласман од 2010 година. Репрезентацијата на Македонија има уште многу простор за напредок, само треба да го задржи нивото на игра кое го има на изминативе мечеви во квалификациите и претходно во Лигата на Нации.

Од нашата квалификациска група подобри се Полска (20), Австрија (34) и Словенија (63), а под нас се Израел (84) и Летонија (134). На врвот нема промени и првопласирана е селекцијата на Белгија, потоа следуваат Франција, Бразил, Англија, Хрватск, Уругвај.

OhridNews