Претпладнево треба да почне два пати одложуваната последна седница на советот на општина Охрид во актуелниот совет, на која меѓу другото, ќе се расправа за предлог одлуката за распишување на референдум на локално ниво во врска со прашањето за бегалците. 

Иницијативата е поднесена од советничката група на ВМРО ДПМНЕ. Доколку предлог одлуката се прифати од советот, охриѓани на референдум ќе можат да се изјаснат: Дали сакаат на подрачјето на општина Охрид да се доселуваат лица кои бараат азил? 

Од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека со носењето на стратегијата за бегалци на национално ниво е предвидена изградба на станови за нивно згрижување во Македонија, вклучувајќи го и Охрид. 

Од СДСМ тврдат дека иницијтивата за свикување референдум е неоснована и дека станува збор за стратегија која е носена и претходно од страна на минатата власт и која всушност е задолжителна за државата под влијание на меѓународните конвенции. Според нив Македонија е само транзитна земја за бегалците и дека тие воопшто не се заинтересирани да останат тука.

OhridNews