Од 1-ви Јануари 2017 година сите даночни обврзници кои имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01) истото треба да го направат со поднесување на новиот образец ДДВ-01 објавен во „Службен весник од 15.12.2016 година, кој е достапен на веб страницата на Управата за јавни приходи.

Пријавата за регистрација може да се достави по пошта, лично до Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи (според седиштето / живеалиштето на даночниот обврзник) или по електронски пат.

OhridNews