Охридската фудбалска колонија се зголеми за уште еден фудбалер во Струга Трим Лум, откако соработка со амбициозниот клуб потпиша Наум Велјаноски.

Велјаноски кој потекнува од охридската фудбалска школа минатата полусезона ја помина во Борец, а во струшкиот состав им се приклучува на Љупче Трпески, Александар Целески и Антонио Каланоски.

Во ист ден со Велјаноски договор до крајот на пролетната полусезона потпиша и Иљас Чилави кој доаѓа како позајмен играч од редовите на Шкендија.

Од клубот во овој зимскиот преоден рок заминаа Бобан Здравески и Алтин Лога кој ја засили прилепска Победа.

Струга Трим Лум под палката на Александар Танчески ги започна подготовките и за брзо време ќе одигра неколку контролни мечеви со екипите кои ќе се подготвуваат во Охрид.

OhridNews