Македонската фудбалска репрезентација се најде на 75. место на најновата ранг листа, објавена денес од страна Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Ова е втор месец по ред како Македонија бележи пад од една позиција иако нема одиграно натпревари.

„Црвено-жолтите“ на 23 и 27 март ги очекуваат пријателски дуели со Финска и Азербејџан во Анталија, па тоа ќе биде добра можност да го подобрат пласманот.

Лидер на листата на ФИФА е Германија, а по неа во ТОП 10 следуваат: Бразил, Португалија, Аргентина и Белгија, Полска Шпанија, Швајцарија, Франција и Чиле.

OhridNews