Деновиве Ј.П.”Охридски Комуналец” заедно со локалната самоуправа  започна активности за хортикултурно уредување на населбата “Гоце Делчев” (Бараки).


Се уредува парковскиот дел во оваа населба при што се рамни теренот, а оштетените и суви дрвја и гранки се отстрануваат.


Во овој дел е планирано да се постават инфраструктурни елементи, клупи, патеки и детско игралиште. Исто така се уредува и кружното сообраќајно решение на влезот во оваа населба.

OhridNews