Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек, поради повреда ќе го пропушти Европското првенство. Репрезентацијата на Холандија, ќе биде последниот противник на Македонија во Ц-групата. Натпреварот помеѓу Холандија и Македонија ќе се одигра на 21 јуни, во Амстердам.

Ван де Бек се повредил на еден од последните тренинзи на Холандија. Повредата е таква што тој нема да може да се рехабилитира до почетокот на ЕУРО 2020. „Лалињата“, првенството ќе го отворат на 13.јуни против Украина.

Од Холандската репрезентација, објавија, дека селекторот Франк Де Бур, го тргнал Ванде Бек од списокот, но не соопштија дали на неговото место ќе биде повикан некој друг фудбалер. Претходно од списокот отпадна голманот Каспер Силесен, кој доби позитивен тест на коронавирусот.

Дони ван де Бек, минатото лето, од Ајкас се пресели во Манчестер Jунајтед.

OhridNews