Од синоќа Античкиот театар засветли во полн сјај, покажувајќи ја својата вечерна убавина и раскош како никогаш досега.

-Заради обемноста на зафатот, осветлувањето на театарот се одвиваше во две фази. Минатата година поставивме 24 рефлектори од двете страни на скалинадите, а сега со нови 36 ЛЕД светла ги потенциравме Римскиот ѕид и алејата. Како што гледате, резултатот е спектакуларен. – изјави Проф. Д-р Зоран Тунтев, иницијатор на проектот.

-Ќе треба да ја почекаме реакцијата на стручната јавност, но Ве уверувам дека нашиот театар сега се наметнува како еден од највкусно осветлените антички театри во целиот Медитеран. – потенцираше Проф. Тунтев.

ЛК „Лихнидос“, кој оваа година одбележува 10 години постоење, продолжува со активности и во сферата на здравството. Имено, клубот се приклучува на глобалната кампања по повод Светскиот ден на дијабетесот. По тој повод во организација на ЛК „Лихнидос“, утре, 14 ноември, во периодот од 12-14 часот во аптека „Флос“ наспроти општата болница ќе се вршат превентивни прегледи, односно бесплатно мерење на шеќер во крвта.

OhridNews