Екипата на Арсенал го претрпе вториот пораз во серија после рестартот на сезоната во англиската Премиер лигата. „Топчиите“ со празни раце се враќаат од гостувањето кај тимот на Брајтон кој славеше со 2-1. Менаџерот на Арсенал Микел Артета има грижа повеќе од двата порази бидејќи се повреди голманот Бернд Лено.

Во првиот меч од денешната програма Ватфорд и Лестер ремизираа 1-1 додека допрва ќе играат Вест Хем – Вулверхемптон односно Бурнмаут – Кристал Палас.

OhridNews