Охридските кошаркари претрпеа нов пораз во регионалната Втора АБА лига на гостувањето во Мостар од Зрински 92-62 (32-24, 24-16, 23-10, 14-12) во четвртата рунда од шампионатот.

„Галебите“ достоен отпор на противникот им пружија во првата четвртина иако ја изгубија со осум поени (32-24). Домашните кошаркари во вториот квартал додадоа гас и со двоцифрена предност заминаа одмор (56-40).

Третиот период одново им припадна на домаќините кои ја зголемија предност за дополнителни 13 поени (23-10). Последната четвртина не донесе поголеми резултатски промени и кошаркарите на Зрински ја забележаа втората победа сезона, додека АВ Охрид го претрпе четвртиот пораз.

Во домашниот состав најпрецизен со 15 поени беше Соколовиќ, а во тимот на АВ Охрид 22 постигна Реми Бери. Во петтата рунда на домашен терен „галебите“ ја пречекуваат екипата на Рогашка.

OhridNews