Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов го најави почетокот на реализацијата на новиот проект на Министерството за труд и социјална политика за Бесплатни обуки за компјутери и англиски јазик за оние категории на деца и на лица кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска грижа.

Спасов посочи дека Министерство за труд и социјална политика обезбедува вкупно 400 обуки за англиски јазик и 400 обуки за Microsoft Office, Word и Excel и Microsoft Windows оперативен систем. Обуките  ќе траат 2 месеци, вкупно 32 часа по 45 минути, кои ќе можат да се реализираат  во сите градови низ Република Македонија.Притоа нагласи дека посебен приоритет ќе имаат децата кои се згрижени во згрижувачки семејства, децата кои што се згрижени во установите во Република Македонија кои што се за овие деца, исто така и за оние млади кои се до 29 години и се сеуште невработени.

OhridNews