Нов профил техничар за е-трговија и дигитален маркетинг се воведува во СОУС „Св. Кирил и Методиј“ Охрид за учебната 2022/2023 година.

Повеќе од една година спроведени истражувања и анализи на пазарот на труд дадоа резулат. Изработен е наставен план за нова квалификација техничар за е-трговија и дигитален маркетинг во секторот економија, право и трговија, информираат од училиштето.

Од училиштето додаваат дека дијалогот на МОН со бизнис заедницата, општините и училиштата „Учи паметно, работи стручно“ ја исполни целта, потенцирајќи дека бизнис заедницата и економските училишта покренаа иницијатива, а институциите ја препознаа истата.

OhridNews