Селекцијата на Црна Гора е вториот ривал на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство кое се одржува во Хрватска. Во вториот термин (20:30ч) пулените на селекторот Раул Гонзалес ќе ја бркаат втората победа, откако на премиерната средба на ЕП ја совладаа Словенија со 25-24.

– Европското го започнавме многу добро со триумф над Словенија, но против селекцијата на Црна Гора не очекува уште потежок натпревар. Тие ќе играат на се или на ништо после поразот од Гермаија, додека нам победата над Словенија нема да ни вреди ништо ако загубиме од Црна Гора. – изјави Филип Миркуловски кој ќе настапи на мечот со црногорците иако се жалеше на повреда после дуелот со словенците.

Шпанскиот стручњак на клупата од Македонија, Раул Гонзалес подготвува нов концепт на играта која треба да ни донесе позитивен резултат.

– Црна Гора игра многу различно од Словенија затоа треба да се подготвиме за друга тактика во одбрана и напад. Тренираме напорно и мотивација има особено после победата над Словенија. Јас верувам во ракометарите останува да ги спроведеме плановите на теренот. – потенцираше Шпанецот.

Двете селекции прв пат ќе ги одмерат силите на едно вакво големо натпреварување, а во меѓусебниот после шест одиграни мечеви води Македонија со 4-1.

OhridNews