Средбите на граѓаните со стручните служби од локалната самоуправа од Секторот за урбанизам,со цел решавање на проблеми од областа на урбанизмот, кои се одржуваа секој вторник, добиваат нов распоред.

По барање од заинтересираните жители на општина Охрид, средбите со стручните служби , во иднина ќе се одржуваат секој понеделник, среда и петок во терминот од 8.30 – 11.00 часот.

OhridNews