Манчестер Јунајтед продолжува со распродавањето на бодови во Премиер лигата. Нов тим, кој се „офајди“ од гостувањето на Олд Трафорд е Фулам ремизирајќи 2-2 со погодок во 90-та минута.


Мала утеха за „црвените ѓаволи“ е новиот рекорд за упатени центаршутеви кон противничкиот гол нафрлувања (84), стариот изнесуваше 81.

Поседот на топка, директните удари во голот, корнерите и цела стастистика беше далеку на страната од Јунајтед, но сепак на крајот од мечот на семафорот стоеше 2-2.

Мх.П.