Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици  при општина Охрид  информираат  дека од недела 1-ви ноември 2015 година, поради премин кон новиот режим на сообраќај на крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и улица „Македонски просветители“ семафорскиот систем ќе биде надвор од употреба и моторниот сообраќај ќе отпочне да се одвива по новиот кружен тек.

Меѓу другото се известуваат граѓаните  дека за пешачки сообраќај нема да можат да ги користат постојните пешачки премини туку ќе треба да ги користат новите пешачки премини кои соодветно ќе бидат обележани.

Со оглед на тоа што активностите за изградба на примарниот и секундарниот кружен тек ќе траат до 15-ти ноември 2015 година од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици, упатуваат апел до граѓаните да се придржуваат кон сообраќајните правила за користење на кружен тек имајќи ги во предвид и градежните активности коишто се уште се во тек.

Со воспоставување на новиот режим на сообраќај на оваа крстосница, автобуската постојка кај зградата „Печијаре3 ќе биде дислоцирана и префрлена кај медицинската лабораторија „Дарон“.

OhridNews