Секторот за комунален развој,сообраќај и улици , го пушти во функција  новиот семафорски систем пред ОУ „ Христо Узунов“ , на улицата  „ Питу Гули“ кој има поврзан систем на прекинувачи кои се наоѓаат на столбот на секој пешачки семафор на крстосницата.Кога не се движат пешаците на пешачките премини е уклучено жолто трепкаво светло , што значи дека возачите учесници во сообраќајот можат да ја преминат крстосницата, но со зголемена внимателност.

При доаѓање на пешакот до пешачкиот премин , со притискање на прекинувачот се вклучува црвено пешачко трепкаво светло додека кај возачите на сите четири патни насоки на крстосницата се вклучува црвено светло.Трепкањето на црвеното светло на пешачкиот семафор е во траење од 5 секунди , од причина што возачите кои веќе навлегле во раскрсницата да имаат време благовремно да ја напуштат. По изминатите 5 секунди на црвеното пешачко трепкаво светло се вклучува зелено пешачко светло во времетраење од 10 секунди. По овие 10 секунди се вклучува црвено пешачко светло за пешаците , додека пак кај возачите се вклучува жолто трепкаво светло во времетраење од 60 секунди. По изминатите 60 секунди се повторува циклусот.

Деновиве беше извршено корегирање на хоризонталната  и вертикалната сигнализација во близина на сите основни училишта на територијата на општина Охрид, а беа поставени и повеќе забавувачи  на брзина .

OhridNews