И во новиот боксерски шампионат охридските боксери Сашо Лескароски и Бојан Ристески ги снајде стара песна да немаат противници наспроти себе во рингот.

Во првото коло кое се одржа во Штип единствено Илчо Јоноски влезе во рингот и претрпе тесен пораз 3-2 од битолчанецот, Александар Најдоски.
Домаќин на втората рунда од боксерскиот шампионат е Тетово, а во третата елитните боксери на едно место ќе ги собере Охрид.
Мх.П.










