Рекетот број еден Новак Ѓоковиќ во 1/4 финалето ги заврши натпреварите од мастерс турнирот во Рим. Подобар до српскиот тенисер беше Томас Бердрих со 2-1 во сетови (6-2, 5-7, 4-6).

За Ѓоковиќ ова е втора елиминација во краток период откако на турнирот во Мадрид беше совладан во првата рунда од бугарскиот тенисери Ѓорги Димитров.
 
Бердрих во 1/2 финалето од мастерс турнирот во Мадрид ќе се сретне со Рафаел Надал, кој во четвртфиналето го совлада својот сонародник Давид Ферер со 2-1 во сетови.

Мх.П.