По земјотресот од 6.4. степени во четвртокот, американската сојузна држава Калифорнија ноќеска ја погоди нов, значително посилен земјотрес од 7,1 степен по Рихтер. Епицентарот бил на 240 километри североисточно од Лос Анџелес.

CNN jaвува дека е има големи материјални штети, како и повредени. Уништени се патишта, домови, инфраструктура, а земјотресот предизвика и големи пожари со кои се борат пожарникарите.

Сеизмолозите изминатите денови во овој дел од САД регистрирале 1400 земјотреси.

OhridNews